Во пресрет на тридневниот поп-ап шоурум „Свесна Мода“, тимот на FWSK и ONLYAFEW изработи едиторијал во копродукција со магазинот Skala. Заштитно лице е прекрасната Дрита Абдиу од агенцијата Подиум, а деби пред објективот имаше и младиот Кристијан Вржалковски.
Кристина Илиевска ги склопи комбинациите со микс на облека и аксесоари од понудата на шоурумот, oдносно брендовите: Irina Tosheva, Stefanija Naseska, Terziya Movement, Evgenija Zafirovska, Kotev Ksenija, Pssbl, Minnimal, LIPA ceramics, MELEEM и Tessuti Art.
Занесната шминка е дело на визажистата Милена Косиќ од школата за убавина АРТ, користејќи производи oд богатата палета на Farmasi, додека за фризурата е заслужно студиото Cool Cut. За здрава и негувана кожа на нашата убавица, највеќе придонесе француската медицинска козметика URIAGE.
Eкипата на магазинот Skala ја сочинуваат: Антонио Станков (фотографија), Филип Бојковски (фотографија), Виктор Стојков (видео и монтажа), Долорес Соколова (сет асистент), Дејан Џолев (креативен директор) и Бинаса Дрндар (оперативен директор).
Дигитален партнер на дваесет и втората сезона на Моден Викенд Скопје е телекомуникацискиот оператор А1.
Официјален пијалак е Jack Daniels, едно од најпопуларните и најпочитуваните вискија во светот. На забавите неижбено ќе се наздравува и со сортните вина на Vizba Valandovo Winery, по некоја чашка ракија од дестилеријата Антика, или, пак, руската премиум вотка Beluga. За хидратација и освежување со стил, полн погодок е водата Пелистерка.
*За време на настанот се применуваат сите мерки и препораки за заштита и превенција од КОВИД-19.