Во организација на Моден викенд Скопје и Општина Дојран од јули 2016 година, низ тринаесет модни фотографии и под името „Дојран ресорт“ поставени на билборди долж градската плажа во Стар Дојран туристите ќе се информираат за историските обележја на општината.

Градската Саат -кула, Старата Шеова чешма, и црквата „Св. Илија“  се некои од локациите на кои позираа манекенките од модната агенција „Подиум“ : Ивана Гелева, Александра Наумова и Симона Ангеловска , облечени во креации на македонски дизајнери.

„ Ова е навистина е нешто ново што се нема случено во Дојран и главниот впечаток е дека станува збор за мошне интересен начин за промовирање и презентирање на убавините на Дојран од една страна меѓутоа и културно и уметничкичките атракции на еден сосема различен начин, непосреден, преку кој може да се види, прочита и да се научи нешто повеќе за Дојран“, вели градоначалникот на Опшина Дојран, Борче Стамов.

Моделите на фотографиите ги носат креациите и асесоарите на „MCouture by Mila Kadriu“, Јована Филиповиќ, Ирина Тошева, Олгица Ѓоргиева, „ФА- БУ“, Викторија Арсовска,  „Emili Exclusive Design“, „EM Fashion Design“, „Farina’s handmade“ и „SOFIJAFILIGRANSKA“.