Благодарение на Текстилното трговско здружени – Текстилен кластер, кој беше одличен домаќин на овој прекрасен настан, успеавме да присуствуваме и да придонесеме да отидеме еден чекор понапред во нашата модна заедница.
Текстилното Трговско Здружение – Текстилен Кластер од Штип заедно со Промо Идеа од Струмица како и грчките партнери “Life Lon Learning Center” од Серес и “Hellenic Fashion Industry Association” од Солун се дел од проектот „Fashion Employment Hub“, кој е кофинансиран од Европската Унија и од националните фондови на земјите учеснички во Интеррег ИПА ПС програмата „Грција – Република Северна Македонија 2014-2020 година“.
На 15ти декември (четврток) 2022 година, од 15:00 часот во Велес се одржа првиот од трите инфо денови насловен како „Прашајте го експерот“ како дел од проектот „Fashion Employment Hub“. Настанот траеше два часа, а во него успеавме да размениме многубројни информации со учесниците.
Темата на „Прашајте го експертот – Како да се подготвите за вашата прва посета и вмрежување на саем“ го започнавме со Наташа Сивевска извршен директор на ТТА-Текстилен калстер, со вовед во она за што всушност се залага проектот „Fashion Employment Hub“ како и со презентации на партнерите од Грција.
Во едукативниорт дел учествуваа четири други презентери и поддржувачи на овој проект. Модната дизајнерка Ирина Тошева презентираше различни гледишта и начини за промовирање дизајнерски колекции. Потоа Сања Лазаревска, директорката на брендот за биоразградливи хулахопки „Four Twenty-Two“ зборуваше за своите досегашни искуства од учество на саеми. На настанот свој допринес даде и Кристина Илиевска, директорка на агенцијата „ONLYAFEW“, со својата онлајн презентација за тоа како се пристапува на купувач и како се претставува своето портфолио на еден моден саем или изложба. Накрај, се претстави Светлана Богова Јовановска, ко-основач на Македонскато Модно Здружение и директор на Моден Викенд Скопје, со клучните фактори за промовирање млади дизајнери за време на изложби, саеми и модни настани.
Овој Инфо ден беше извонредна шанса за модните брендови и млади дизајнери да постават прашања и добијат одговори во врска со најголемиот моден саем во југоисточна Европа – Athene Fashion Trade Show. Саемот треба да се одржи на почетокот од наредната година, во периодот 26-29 јануари, а 10 дизанјери и претставници од индустријата преку проектот ќе бидат избрани и поддржани од тектилниот кластер за учествуваат на саемот.
Инфо денот беше само еден добар темел и почеток на дискусии и споделување на искуства од страна на врвни личности од модната индустрија. Се надеваме дека ова е само уште еден доказ за тоа колку се важни овие настани и дека вмрежувањето на луѓето и стекнувањето со нови знаења како и поматамошната соработка со компаниите од текстилниот секотр ќе ја подигне индустријата на едно повисоко ниво.