Овој повик е организиран во рамки на проектот United Fashion. Го спроведуваaт седум организации кои се активни во модниот сектор ширум Европа, поддржани од програмата Creative Europe на Европската унија.

Повикот е отворен за модни дизајнери кои легално живеат и работат во Европа и заинтересирани се да ја прошират дејноста на францускиот пазар, претставувајќи ги колекциите за есен-зима 19/20 во текот на модниот фестивал 48H Maisons de Mode во градот Лил, од 12 до 15 септември 2019 година.

48H MAISONS DE MODE LILLE

За одбележување на крајот на летото, Maisons de Mode и нивните дизајнери секоја година ја претвораат знаменитата железничка станица Gare Saint Sauveur во центар на модни случувања со времетраење од еден викенд.

Инициран пред десет години, овој фестивал сега е домаќин на повеќе од 15.000 посетители годишно. Фестивалот почнува со двете модни ревии Maisons de Mode: една наменета за публика и една наменета за професионалци. Професионалците од индустријата ги доделуваат наградите Coup de Coeur на дизајнер по личен избор.

Сето ова е проследено со два дена активности и настани, вклучувајќи: фото-сесии, модни работилници, кастинг за модели, значаен дизајнерски аутлет, забави и други изненадувања.

КРИТЕРИУМИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

Услови за дизајнерите кои би сакале да учествуваат во активностите на United Fashion:
Комерцијални услови
– Ready-to-wear колекција за приказ во странство: машка/женска/аксесоари (чевли, чанти, накит)

Извоз

– Зрелост на колекцијата спремна за извоз
– Јасна стратегија за извоз
– Искуство на саеми или интернационален шоурум

Дистрибуција

– Минимум три продажни места
– Е-трговијата е дополнителна вредност (сопствена онлајн продавница или интернационални е-продавници)
– Јасна стратегија за комуникација

Услови кои се специфични за земјата партнер: Франција

Мотивација и интерес за сите канали на дистрибуција (B2C и/или B2B) и активно учество на 48H Maisons de Mode (конференции, B2B шоурум и B2C дизајнерски аутлет)

Сите детални информации за повикот може да ги најдете овде:
Испратете ни ја Вашата апликација на: info@fashionweekendskopje.mk

DOWNLOAD  UF Application form | 48H MAISONS DE MODE LILLE
DOWNLOAD  UF Open Call | 48H MAISONS DE MODE LILLE