COMmunity table. Овој пат зборуваме за тоа што можеме да направиме да придонесеме за дизајнерската кариера во општеството како и младинското претприемништво. Наши спикери на настанот ќе бидат Ива Дјуак од Creative Talks, Филип Барбутов и Мартин Николоски, ко-основачи на производот еко пријателски бренд за декорација на домот – Tiera Studios, Натали Ристовска, ко-основач на етички рачно изработениот бренд Yovanka и Јасмина Чанева Лазовска, директор на VM3D – Тренинг центар за 3D моден дизајн. 
Ги охрабруваме сите дизајнерите од различно потекло, да обезбедат широка слика за полето на дизајнот и реално да го претстават она што се случува во општеството. Станете дел од нашата кружна маса! Придружете ни се на 25 јуни во 14:00 часот во Градски Парк Скопје (во близина на кафулето „Централ Парк“).