Ве покануваме…
со особена гордост и ентузијазам ве информираме дека 25 издание на „Моден Викенд – Скопје“ ќе се одржи на 25 јуни 2022 (12:00-23:00) година во Градски парк Скопје.
Овогодинешното издание на „Моден викенд – Скопје“ ќе ја застапува една од досегашните најголеми и најатрактивни модни ревии на дипломираните студенти по мода за 2021-2022 година со мотото „DiscoverWho’s Next/ Graduation Fashion Show“. Главната цел е да се прикаже и прослави придонесот на новата генерација во модната индустрија.