Под мотото „Јазикот на етиката и дизајнот”, Моден Викенд Скопје го означи својот старт по 26 пат, годинава на нова локација во East Gate Mall и со нов концепт, календарски и концептуално вклопувајќи се во Деновите на италијанскиот дизајн во соработка со Италијанската Амбасада во Скопје и Италијанската агенција за трговија ITA.
Деновите на италијанскиот дизајн се одржуваат ширум светот, иницирани од страна на италијанското Министерство за надворешни работи и меѓународна соработка преку италијанските амбасади, институти за култура и трговски агенции за промовирање на италијанскиот дизајн и архитектура.
„Годинешната тема на Деновите на италијанскиот дизајн е „Квалитет кој просветлува. Енергијата на дизајнот и за луѓето и за околината”.
Го избравме овој наслов затоа што со својата интелектуална и продуктивна енергија, италијанскиот дизајн има намера да помогне да се донесе светлината во период во кој се чини дека преовладуваат сенките и темнината, и да го направи тоа користејќи го квалитетот кој отсекогаш бил негов белег. Во овој контекст, зборот квалитет не е толку синоним за луксуз, туку фактор на одржлив и одговорен развој„ – истакна Амбасадорот на Република Италија, Андреа Силвстри кој го отвори настанот.
Италија е број 1° во светот по бројот на дизајнерски компании, а всушност дизајнот е во голема мера одговорен за успехот на тие производи. Впрочем, италијанските производи отсекогаш биле поврзани со квалитет, висока специјализација, диференцијација и елеганција.https://fashionweekendskopje.mk/mk/proekti/italijanska-nokj-go-startuva-moden-vikend-skopje/
Модната индустрија е срцето на брендот Made in Italy, термин кој се користи од 1980 година за да ја означи меѓународната уникатност на италијанските производи, особено во четирите главни индустрии, популарно познати како „Four F”: храна, мебел, Ферари (автомобилски) и токму Fashion.
„Италијанските брендови се познати во светот како симболи на стил. Всушност, италијанскиот се смета за јазик на модата, ѝ на македонски се вели мода.
Така, вечерва, иако сум многу среќен што со East gate ги презентирам најновите колекции на многу важни италијански брендови, сакам да им оддадам почит не само на овие фирми, туку и на дизајнерите и занаетчиите кои се глобални водечки во облеката и обувките„ – истакна амбасадорот.
На познатата писта на Моден Викенд Скопје, на која повеќе од четврт век во овој крај на светот, продефилирале и дизајнери и имиња на модели кои значат многу кај нас и глобално, синоќа ги презентираше колекциите на ARMANI, LIU JO, PATRIZIA PEPE, TWINSET, SIGMA JEWLERY, DAN JOHN, ERREA, LEMARE, TOSCA BLU, BARK SHOES, FRATELLI BOVO, DANIELA COARO, UTOPIA, SERGIO ROSSI, TRUSSARDI, KIKO MILANO… со што го направи најавениот спој на возбудата и гламурот кои ги поседуваат италијанските славни брендови.
Тридневната модна смотра по отварањето, продолжи со промоција на домашните дизајнерски сили на модната сцена: “Hope this feels familiar” – соработката помеѓу модната дизајнерка Теодора Митровска и визуелниот уметник Душан Стефановски, модната ревија на студентите на Интернационалниот институт за мода Изет Цури, колекцијата “Goddess” на EMIRA YMERI, YAMUNA SHOW со уникатна колекција на марами – powered by IQOS, УРМА имаше свој интересен поп ап простор.
А имаше и јавна дебата на “Мала но совршена:Енергијата за дизајнот за луѓето и околината” со интересни соговорници, панел дискусија со Текстилниот Кластер кој ја најави и првата дигитална модна ревија на Искра Џокиќ Кецап насловена IKIVERSE.
На денешниот последен ден најавен е THE BRIDAL FASHION, а ќе бидат претставени колекциите на „Ал Апарел” на Наташа Карчева, SIGMA Jewelry, VLORA & KALTRINA и FA-BU на Јагода Пачемска.
Свој поп-ап продажен простор имаше и УРМА – првата концептуална онлајн продавница кај нас, која
го соединува пазарењето со културата на живеење, пружајќи им несекојдневно и стилско купувачко искуство на клиентите со дизајнерски производи од висок квалитет, како и внимателно одбрани производи од етаблирани брендови, креирајќи селекција која има и културни придобивки за купувачите.
Програмата во трите денови ги претставува најважните аспекти на одржливата мода, но и на иновативните процеси кои ќе ја определуваат во иднина.
Активизмот на Моден Викенд Скопје, низ бројни општествено одговорни проекти најмногу поврзани со циркуларната мода, со години наназад го врти вниманието кон одредени проблеми во нашето опкружение и иницира начини да се приближиме кон решавањето на истите.
Ова е листа на компании и брендови кои се поддршка на целиот настан: P2P, SN финансии, Smart Living, СН осигурутелен брокер, Sax gin, Винарија Камник.
Манекенките ги разубавуваше официјалниот партнер за фризура Alfaparf Milano Professional во соработка со школата „Димитар Влахов”, како и KIKO Milano официјален партнер за шминка во соработка со „Школата за Убавина АРТ”.
Пријател за нега и убавина – француската медицинска козметика Uriage – за здрава и негувана кожа без брчки, овој бренд ја има добитната формула.
Бренд #Thiomucasegel
Исто како ново! За три пати подолг век на траење на вашата облека – Первол Renew.
Слоганот на нашите слатки партнери е: Животот е посладок со Сандеј!
Бајадера. Ткаена со задоволство!
Maya – официјална вода на настанот и верен поддржувач на македонската мода и убавина.
Гасто партнер е Amanti паста.
Одблесокот на огледалата од уметничката инсталација на MG ART беше вистински магнет за селфи фотографии.
Фото Горан Бошковски