The Bridal Fashion Night за прв пат го организиравме во февруари 2014 година. На наша огромна радост локалните невести како и невестите од регионот го препознаа како настан кој е почетна точка за нивниот свадбен ден. Оттогаш настанот се одржува еднаш годишно, најчесто на почетокот на годината.
The Bridal Fashion Night, е веќе традиционален настан на кој стотици невести си ја олеснија организацијата на свадбениот ден, преку избор на вистинскиот фустан, чевли, шминка, фризура, декорација на просторот и сите неопходни детали за да се направи совршена целина на специјалниот ден.
Со гордост велиме дека голем број свадбени ателјеа и дизајнери токму на овој настан ги најдоа вистинските невести за своите модели.
Нашата цел е во иднина да ги донесеме моделите на најкреативните дизајнери од цела Европа за да можат невестите да имаат уникатно доживување. На бизнис партнерите им овозможуваме да ја најдат својата вистинска таргет популација.