Одбележувајќи го делото на Пабло Пикасо (1881–1973) и кубизмот, Амбасадата на Шпанија во Скопје го организира модниот настан „носиме УМЕТНОСТ/llevamos ARTE“ во Музејот на град Скопје.
Во соработка со професорката и модна дизајнерка Лидија Георгиева и студентите од ТМФ – Институт за текстилно инженерство Moden Dizajn na TMF Skopje, овој омаж на шпанската уметност, е посебна пригода што ги поврзува светот на уметноста и модата.
Прикажувајќи го најдоброто од младите македонски иновативни студенти по мода, во овој проект, инспирацијата и пристапот во процесот на дизајнирање беше артистичката продукција на Пикасо. Како еден од основачите на кубизмот, тој има значителен придонес за целиокупниот развој на модерната уметност во 20 век. Преку новите техники кои ги користи во сликите, колажот, скулптурите, керамиките, грaфиките, тој внесува револуција во начинот на гледање и конципирање на уметноста .
Сакајќи да ги покажат работите онакви какви што навистина се, а не само како изгледаат, кубистите во своите дела, ги анализираат субјектите, ги фрагментираат и повторно ги составуваат во оригинална, апстрактна форма. Со енергија на нова и инвентивна ароганција, тие ги прикажуваат предметите низ раскршена перспектива, прикажувајќи ја
тридимензионалната реалност на дводимензионално платно.
Пред повеќе од 100 години, со овој револуционерен пристап на дефрагментирање и користење на геометриски форми од различни перспективи, со цел да се прикаже целата структура на предметите, кубизмот се вбројува меѓу највлијателните уметнички стилови на минатиот век.
Идејата на модниот перформанс е да се прикажат три етапи на една слика
Првата етапа е самата писта, на која е стилизирана опсесијата на Пикасо со биковите.
Втората етапа е направена од студентите кои интервенираат во живо, а во третата етапа е конечната – жива слика, во која се инкорпорирани дизајните од ревијата.
Како додатен елемент во комплетниот изглед, користени се геометриски мотиви, 3Д печатени во Ино Фаб Лаб, лабораторијата за прототипирање на ТМФ.
За реализацијата на овој моден перформанс користена е музика од претставниците на вибрантната сцена на електронската музика на Шпанија – авангардната композиторка Едит Алонсо и продуцентот и диџеј Пионал.
Шминка: Pierre Cardin Cosmetics Mk, MG ART во соработка со СУГС Димитар Влахов Димитар Влахов, Скопје, кои се погрижија и за фризурата.
#photo Gjorgji Ristoski Photography