Re-imagination
“Модата како дел од екосистемот”

Дали го имате она што е потребно за да ја преиспитате суштината на модата и да направите нејзина ре-имагинација? Ако сте млад дизајнер со помалку од 3 години искуство, Вие сте вистинскиот кандидат за аплицирање на овој проект.

ШТО: Проектот обезбедува едукација и инспирација за новата генерација модни дизајнери за оддржливи теории и техники на дизајнирање, со цел да се поттикне растот кон циркуларниот моден систем. Нов живот на текстилниот “отпад” на неочекувани начини.

ЦЕЛ: Имате задача да создадете одржлив моден дизајн од текстилен отпад. Вашиот производ треба да создаде нова врска со модата за позитивни промени на планетата и еколошката свест во нашата земја.

 

АКЦИЈА: Испратете мудборд илустрирајќи ја темата и 3 скици со Вашата идеја за „реставрирање на модата“ со користење на техники за одржлив дизајн на Нула-отпад на info@fashionweekendskopje.mk до 12 септември, до 17:00 часот.

 

12 дизајнери / студенти ќе учествуваат на финалниот перформанс и изложба за време на осумнаесеттото издание на Моден викенд Скопје (ноември 2018) и ќе земат учество во серија работилници за одржлив дизајн под менторство на Ирина Тошева.

 

КЛУЧНИ ДАТУМИ

29.08.18. – Старт на отворениот повик
12.09.18. – Краен рок за пријавување
19.09.18. – Објавување на финалистите
20.09.18.-20.10.18. – Серија работилници за одржлив дизајн, посета на фабрики и создавање на 2 целосни изгледи
20.10.18.-04.11.18. – Финалната фаза и завршница на проектот ќе биде организација на моден перформанс и изложба.

Проектот е поддржан од Министерството за економија на РМ.

ЗОШТО Креирање мода од текстилен отпад?

Модната индустрија е втора економска гранка во светот и е една од главните виновници за загрозувањето на животната средина. Брзата мода произведува огромни количества отпад. Околу 40% од купените алишта ретко или никогаш не се носат – во просек облеката се носи само 3,3 пати во текот на животот кај едно лице – а околу една третина од малопродажната облека никогаш не се продава и затоа е изгорена или уништена по друг пат. Со овој проект сакаме да и дадеме втор живот на облеката вреднувајќи го и туѓиот труд. Модата има моќ да направи позитивни промени, повторно да створи мерки против тековно штетните системи.