Модната недела Рига есен-зима 2019 ќе се одржи од 23 до 27 октомври 2018 година.
Дати резервирани за настаните на United Fashion (UF) се: 24, 25 и 26 октомври.
Балтичката модна федерација ќе организира настан за вмрежување во среда, 24 октомври, навечер, а проектните активности ќе започнат на 25 октомври рано изутрина. Затоа дизајнерите кои учествуваат во UF се добредојдени да пристигнат во среда, 24 октомври, во Рига. Локацијата на настанот ќе биде Radisson Blue Hotel Latvija. За време на настанот ќе бидат организирани предавања и работилници на тема „Дигитализација. Градење бренд“, шоурум отворен за професионалците од модата, медиумите и купувачите како и можност дизајнерите, партнерите и купувачите да ги посетат ревиите на Модната недела Рига.
Од Моден викенд Скопје како учесник беше избрана Теодора Митровска https://www.facebook.com/teodora.mitrovska