Драги пријатели на FWSK,

Со радост сакаме да ја споделиме веста со вас, за 27. издание на Моден Викенд Скопје кое со голем ентузијазам го подготвуваме за 28 и 29 септември.

Секоја година правиме внимателен избор на локациите, па така оваа година нашата FWSK оаза ќе биде сместена во Урбан Гарден комплекс, Аеродром.

Ќе ни биде особена чест да кажеме добредојде за заинтересираните новинари, блогери и фотографи за присуство на викендот. Пријави за акредитации примаме до 25 септември, 2023.

Придружете ни се на нашето патување во кое ја славиме свесната мода. Ве молиме, во вашиот календар оставете место да бидете наши гости од 28 до 30 септември, 2023 година.

Вашето присуство особено ќе ни значи.

Ваш FWSK