Време е за просперитетна иднина во модата предводена од креативноста

Позелена, поиновативна, покреативна – на првиот самит на Гран Канарија, членовите на Европската модна алијанса (ЕМА)составија пакет мерки и постапки за одржлива и инклузивна иднина на европската модна индустрија.

Гран Канарската модна мрежа Moda Calida и локалната власт Кабилдо де Гран Канарија (Cabildo de GranCanaria) ги поканија членовите на Европската модна алијанса (ЕМА), кое беше основано во Франкфурт во јуни 2022 година. На 19 и 20 октомври се собраа во Маспаломас за време на Gran Canaria Swim Week – единствениот European Swim Wear Week – односно за нивниот прв самит.

Целта на самитот помеѓу 59 претставници од 23 европски земји беше да се дискутираат и договорат пакет мерки и што може да се спроведе за да го поддржат и промовираат потребниот процес на трансформација во европската модната индустрија. Алијансата, којашто се состои од 29 членки, вклучувајќи бројни модни совети, модни недели, истражувачки и образовни институции, претставува повеќе од 10.000 европски компании во модниот сектор, почнувајќи од микро-претпријатија до огромни корпорации.

Една од главните теми за време на состанокот беше „Зелениот договор“ (Green Deal) формулиран од Европската унија во 2019 година од претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен за намалување на нето емисиите на стакленички гасови на нула до 2050 година. Според заложбата на ЕМА, модната индустрија мора итно да придонесе кога станува збор за CO2 и уништувањето на животната средина преку огромното производството на текстил и големата модна потрошувачка.

Европската модна алијанса има за цел значително да придонесе за доведување на CO₂- до неутралност, до еколошки одржлива, нетоксична и целосно кружна текстилна индустрија и да подигне и поттикне свест кај модните производители, дизајнери и потрошувачи.

За таа цел, на состанокот во Гран Канарија се дефинираа четири главни точки на коишто треба да се засноваат целните мерки: одржливост, образование, политика и иновации.

Европската модна алијанса верува дека одржливоста и дигиталната промена, заедно со иновациите, образованието и мерките преземени на пазарот на трудот, ќе бидат клучни двигатели за модната индустрија да го направи својот текстил потраен, поправлив, повторно употреблив и има можност да се рециклира. За да се забрза оваа промена, ЕМА ќе се фокусира и на меѓукултурните размени и интеракции помеѓу креативците и ќе ги поддржи младите таленти како двигатели на промени преку акции, истражувања и кампањи.

Kарло Капаса, од Националната Комора на Италијанската Мода, вели „Нашата мисија е да ги едуцираме модните потрошувачи и брендови за тоа што значи да се биде одржлив и да се укаже поголема вредност на креативноста, нагласувајќи ја нашата благодарност до сите оние кои стојат зад системот. Една од главните улоги на ЕМА е да ги вклучи брендовите-членки да раскажат што стои зад нивните производи и да ја претстават својата нова идеја за модата во иднина. Во соработка со ЕМА, можеме да им покажеме на другите индустрии што можеме да постигнеме кога работиме заедно“.

Во периодот од 2023 г. до 2027 г., Европската модна алијанса го преточува ова верување во четири главни цели засновани врз четирите главни точки:

1. Дефиниција за етички, социјален и одржлив кодекс на однесување за членовите на ЕМА и поширокоза модната индустрија.

2. Нов моден „Зелен договор“ на европско ниво што ја претставува модната култура и модниот бизнис, заснован на европскиот циркуларен и социјален моден екосистем според заеднички податоци и системи.

3. Создавање и спроведување одржлива и технолошка обука како и пракса за социјална и културна одговорност за клучните засегнати страни на ЕМА.

4. Зајакнување на генерацијата Z и новите генерации како водечки сили за вредноста кај дигиталната, циркуларната и социјалната промена во модната индустрија.

Членовите се согласуваат дека визијата и целите на ЕМА мора да се преточат во конкретни планови и политички рамки во следните две до три години за да се поттикнат овие промени. Ова може да се постигне само со темелно разбирање на потребите и предизвиците на модната индустрија, особено кај креативците и дизајнерите.

Светлана Богова Јовановска, од „Моден викенд Скопје“ вели: „Европската модна алијанса е важна и силна мрежа која, како ниедна друга, може да даде свој придонес во промената на европската и особено на македонската модна индустрија. На пат кон влегувањето на Северна Македонија во Европската Унија, нашата земја мора да преземе одговорност за одржливост и да ја претстави нашата модна и културна ДНКво вистинско светло. ЕМА е можност за нашата модна индустрија да соработува и да ги сруши бариерите со европскиот пазар“.

За 2023 година, ЕМА ќе започне истражување ширум Европа преку своите членки за да ги истражи потребите и предизвиците на микро, малите, средните и големите претпријатија кои работат во модната и текстилната индустрија, како и образованието, истражувањето и други индустрии на засегнатите страни.

Стекнатото знаење од овој подвиг треба да ѝ овозможи на ЕМА да создаде своја политика според приоритетите соодветна на тековното законодавство, меѓу другите и онаа на Европската стратегија за одржлив и циркуларен текстил и создавањето нови политики и програми на ЕУ за поддршка на модата и креативните индустрии. Целта е да им се даде на засегнатите страни јасна слика за европското законодавство – област во којашто голем број креативни претприемачи сè уште не ги имаат разбрано во целост.

Дилис Вилијамс, од „Центар за одржлива мода“ вели: „Не треба само да менуваме темата на модата, туку да ги смениме и нејзините правила и цели. Модата често се оценува во економска смисла според растот и бројките. Но, важно е да се создаде вредност и во културна смисла на зборот.

Да се пренесе што сѐ модата може да придонесе за доброто на луѓето и какво влијание, позитивно и негативно, има врз нашето општество“.

Освен тоа, ЕМА ќе ги вклучи и зајакне младите таленти и нивните гласови преку активен ангажман  во лидерски улоги и активности во рамките на организацијата и веќе основаните брендови и организации.

Изјави од членовите на Европската модна алијанса:

КЕРОЛАЈН РАШ – БРИТАНСКИ МОДЕН СОВЕТ „Со заеднички вредности, јазик и разбирање на мерните алатки, за нашите дизајнери е од голема важност да кога ќе отидат во Франција, Италија, Германија, Данска или каде било на друго место, имаат еднакво разбирање на рамките, а тоа и се очекува од нив во однос на одржливоста. Ова особено важи за малите бизниси на кои им претставува навистина голем предизвик кога станува збор за тргување на глобално ниво. Колку повеќе бараме од нив да разгледуваат различни мерења и стандарди, толку им е потешко да тргуваат. Ова е можност да соработуваме и да ги срушиме тие бариери“.

ПАСКАЛ МОРАНД – ФРАНЦУСКО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ВИСОКА МОДА „Модата е многу повеќе од пазар, се работи за култура. Се наоѓаме во пазарна економија, а тоа, исто така, ги засега и оние кои не се на пазарот а треба да разберат дека креативната мода може да игра улога на глобална одржлива придвижувачка сила“.

КРИСТИЈАН АРП – МОДЕН СОВЕТ ГЕРМАНИЈА „Модата мора да се развива во културен и социјален контекст за да остане релевантна. Една од задачите на модните совети е да промовира и поддржи нова генерација дизајнери. Младите креативни луѓе имаат способност одржливо и иновативно да го променат модниот систем“.

СКОТ ЛИПИНСКИ – МОДЕН СОВЕТ ГЕРМАНИЈА „Европската модна алијанса е важна и силна мрежа која,како ниедна друга, може да даде свој придонес во промената на европската модна индустрија. Промената не се случува сама. Тоа е индустриска интеракција и тоа е EMA. Создадовме инструмент што допрва ќе се докажува во наредните години“.

СЕСИЛИ ТОРСМАРК – МОДНА НЕДЕЛА КОПЕНХАГЕН „Модната недела може да ја искористи својата позиција за да ги забрза промените како и да бара промени, односно да ја придвижи индустријата нанапред. Но, модните недели мора да преземат одговорност и за одржливост, имајќи го предвид намаленото количество ресурси во производството, пониските емисии на јаглерод, итн.

ЕДИ ШАНАХАН – СОВЕТ НА ИРСКИ МОДНИ ДИЗАЈНЕРИ „Ако нашата цел е да создадеме одржлив моден екосистем, самата изработка нуди две важни работи: висок квалитет и издржливост. Мораме да се залагаме за нив, да ги промовираме, развиеме и објасниме како тие додаваат вредност, не само во однос на цената, туку и во однос на културата“.

МИНЕРВА АЛОНСО САНТАНА – СОВЕТНИК ЗА ИНДУСТРИЈА, ТРГОВИЈА И ЗАНАЕТСТВО НА СОВЕТОТ НА ГРАН КАНАРИЈА „Бевме многу горди и почестени што го одржавме првиот годишен самит на ЕМА на нашиот прекрасен остров Гран Канарија за време на Gran Canaria Swim Week. Европската модна алијанса е силна мрежа на размена. Тоа ќе ни овозможи да се спознаеме со други искуства и да напредуваме во нашиот предизвик на Ecoisla за иновации и одржлива мода. На останатите членови им го нудиме нашето 26-годишно искуство како програма за јавна поддршка за модниот сектор. Самитот што се одржа во Гран Канарија значи почеток на заедничко дејствување, за подобрување на модната индустрија, како и рамка која ќе ни овозможи да научиме и да ги прикажеме нашите вредности“.

МАРИЈА ЛУИСА МАРТИНЕС ДИЕС – ГЛОБАЛНА МОДНА АГЕНДА „Традиционално, голем број од индустриските напори беа доброволни, но предложените регулативи треба да направат промена. Како дел од Стратегијата на ЕУ за одржлив и циркуларен текстил, постојат две клучни иницијативи што ќе влијаат на текстилот: Предлог директива за зајакнување на потрошувачите за „зелената“ промена, која се очекува да ги охрабри потрошувачите да носат еколошки одлуки кога купуваат производи; и ESPR (Регулатива за екодизајн за одржливи производи), која ќе промовира поодржлив дизајн на производи и одржливите производи ќе ги постави како норма“.

За ЕМА:

Европската модна алијанса е првата интернационална алијанса на европските модни институции. Таа има за цел да промовира плоден, одржлив и инклузивен екосистем за европската мода. ЕМА делува како силен здружен глас кој се залага и ја забрзува промената на европската мода кон поодржлива, иновативна, инклузивна и креативна иднина.

ASOCIACION CREADORES DE MODA DE ESPANA – AUSTRIAN FASHION ASSOCIATION – BALTIC FASHION FEDERATION – BRITISH FASHION COUNCIL – BULGARIAN FASHION ASSOCIATION – CAMERA NAZIONALE DELLA MODA ITALIANA – CENTER FOR SUSTAINABLE FASHION – COPENHAGEN FASHION WEEK – COUNCIL OF IRISH FASHION DESIGNERS – ESTONIAN ACADEMY OF ARTS – FASHION COUNCIL GERMANY – FÉDÉRATION DE LA HAUTE COUTURE ET DE LA MODE – FÉDÉRATION FRANÇAISE DU PRÊT À PORTER FÉMININ – FINNISH TEXTILE & FASHION – FLANDERS DC- GLOBAL FASHION AGENDA- UNGARIAN FASHION DESIGN AGENCY – ISLANDIC FASHION COUNCIL -FAD – MODALISBOA – MODA CALIDA – MODE SUISSE – NORWEGIAN FASHION HUB – SKOPJE FASHION WEEKEND – SLOWAK FASHION COUNCIL – SWEDISH FASHION COUNCIL – TASKFORCE FASHION – THE PRINCE’S FOUNDATION – WALLONIE-BRUXELLES DESIGN MODE.

www.europeanfashionalliance.org

Информации за Gran Canaria Swim Week by Moda Calida

Gran Canaria Moda Cálida е програма со активности врзани во модниот текстилен сектор на островот Гран Канарија, креирана и промовирана од Министерството за индустрија, трговија и занаетчиство на Кабилдо де Гран Канарија (Cabildo de Gran Canaria). Модата, во оваа институција, е растечки сектор со можности за индустриска експанзија. Gran Canaria Moda Cálida е место каде што дизајнерите и компаниите ги поддржуваат своите проекти. Gran Canaria Swim Week by Moda Cálida е име по кое се води главниот настан за единствената професионална модна недела на костими за капење Gran Canaria Moda Cálida во Европа. Основано е во 1996 година на иницијатива на Одделот за индустрија, трговија и занаетчиство на Кабилдо де Гран Канарија, со цел да го промовираат Гран Канаријскиот дизајн, како и да го поддржат растот на локалниот текстилен сектор. Интересот за платформата оттогаш има експоненционален пораст со повеќе од 373 милиони луѓе.

http://www.grancanariaswimweek.com/