Дванаесеттиот Моден викенд Скопје под мотото „Модата и културното наследство“, во октомври 2016 година во Музејот на Македонија, Скопје го отвори модна изложба составена од финалните дела произлезени од неколкумесечниот проект „Модата и културното наследство“.
Модната изложба „Свадбени приказни“ со која започна сезоната есен/зима 2015/2016 на Моден викенд Скопје беше во реализација на Британскиот совет во Македонија како организатор, и Европски универзитет – Р. Македонија со Музеј на Македонија како партнери. Студентите од моден и графички дизајн, во соработка со студентите од дизајн на ентериер и кустосите од Музејот, на изложбата претставија приказни преку кои дадоа свои, современи интерпретации на облеката, текстилот и накитот од локалните свадбени традиции.
Моден викенд Скопје и понатаму низ различни иницијативи се труди да го сочува културното наследство и да го поврзе со различни сектори на креативци и институции за да се задржи стариот дух, трајните вредности и да ги инспирира новите генерации.

https://www.britishcouncil.mk/sites/default/files/modata_i_kulturnoto_nasledstvo_publikacija_web.pdf

Photo credits:
Outfit: Danijela Savikj
Model: Magdalena Kosteska
Photo: Gordana Vrencoska