Во клубот „Станица 26“ на 25.10.2014 година, се одржа семинар на тема „Современи движења во модата, трендови,продажба, блогирање“ на кој предаваа Роберт Кавел-Кларк, Ребека Рој и Кендал Робинс од Велика Британија, како и новинарките Ана Несторовска и Катерина Трајановска од онлајн магазинот „Stylist.mk“. Семинарот беше дел од едукативната и бизнис програма на десеттото издание на Моден викенд, организиран во соработка со Британски совет во Македонија и Министерството за култура на Р. Македонија.