Како древното занаетчиство може да преживее во современиот свет?

На иницијатива од македонското модно здружение „Концепт Моден Кластер“, практични одговори на ова прашање понуди групата млади таленти: Дана Ќосева, Мирјана Јосифоска, Хозе Белмонте, Радица Лазова, Катерина Димитрoвска и МаријаСтојановска, кои изразија волја да учат, експериментираат и се усовршат во ним сосема непозната сфера – плетењето.

Реализацијата на проектот „Нитка“ започна со тридневна работилница под менторство на дизајнерката Ирина Тошева. Со посветеноста и помошта од Здружението на жени „Цвет Крушево” и Светлана Димитријевиќ, шестмината научија различни техники на плетење, коишто ги преведоа на модерен начин во нивните дизајни.

Во наредните две седмици ги сплотија различните визии и рачно сплетоа оригинални модели, работејќи индивудуално и во тандеми. Публиката од земјата и странство имаше прилика да ги види премиерно во рамки на дваесеттото јубилејно издание на Моден Викенд Скопје.

Проектот „НИТКА“ ја претстави новата кампања и ги откри клучните трендови за претстојната сезона. Со изработката на lookbook за сплетените креации на младите таленти, се финализираше реализацијата на проектот НИТКА.

 

Mentor: Irina Tosheva
Producer: Milan Atanasov
Model: Aleksandra Boshnakoska, podium
Photography: Marina Trajkovska
Design: Jose Belmonte, Dana Kj, Radica Lazova, Mirjana Josifoska, Marija Stojanovska