Дизајнот од нула отпад всушност не е нова технологија или материјал. Тоа е нов начин на размислување – филозофија која те тера да ги оспориш постоечките техники и да станеш покреативен дизајнер.  Затоа со нашите млади креативци под менторство на дизајнерката Ирина Тошева, ја креиравме нашата одржлива приказна #Sustainablestorymk.
Поставувањето на различни парчиња облека како сложувалка со различни техники придонесува да нема ткаенина која е залудно потрошена а добивате ново уникатно парче кое повторно може да се носи. Освен заштитата на животната средина на овој начин добивме и нови уникатниформи на модата.
На капсулните колекции изработени од текстилен отпад работеа Емануела Трајческа, Сара Реџиќ, Ева Зарезанкова, Натали Наумова ,Радица Лазова, Катерина Димитровска, Мирјана Јосифоска и Дана Ќосева под менторство на дизајнерката Ирина Тошева и гостинките од Велика Британија односно талентираната дизајнерка Ана Скодбо која твори зад брендот „Phannatiq“ и една од водечките британски стилистки Ребека Рој.
Во организација на Моден викенд Скопје и Македонско Модно Здружение дел од колекциите беа прикажани и на модниот перформанс наречен #Sustainablestorymk – Наши први експресии на 14 октомври, 2018 во Астибо фешн груп- АФГ во Штип.

Во втората фаза гостинките од Велика Британија Скодбо и Рој кои долго време работат на одржлива мода, на младите дизајнери им предаваа за техниките за бавно производство, одржливи ткаенини, сертифициран органски памук, производство на нула отпад, вегански материјали и етички услови за производство . 

Финалната фаза на проектот се случи на 2 ноември, 2018 година со моден перформанс и инсталација за време на Моден викенд Скопје во Скопје Мериот Хотел.
Во центарот на Скопје направивме специјална фотосесија и снимање на видео на кои ќе ги видите едни од најдобрите моменти (highlights) од нашата #sustainablestorymk приказна.

Целиот проект го реализираше Моден викенд Скопје со несебичната поддршка од Македонско Модно Здружение, Министерството за економија на РМ, Министерството за култура на РМ , Британскиот совет како и партнерите „Текстилното трговско здружение- Текстилен кластер –Македонија“ во соработка со фабриките „Okitex“, „La dama“, „Bella“, „AFG“ и „Istkomerc Sanda“, „Monika“, Академијата за моден дизајн „Џолев и уметностите“ и „Сивус едукативен и развоен центар“.

Credits:
Designers: Emanuela Trajcheska, Sara Redzic, Eva Zarezankova, Natali Naumova,Radica Lazova,Katerina Dimitrovska, Mirjana Josifoska, Dana Kjoseva
Styling: Rebekah Roy, Phannatiq, Shoes: Schuster, Bags: Cecily, Tights: La Dama
Mentor: Irina Tosheva
Models: @Podium Model Agency, Sara Milenkovska, Iva Naskova, Angelina Kitanovska
Makeup: Jovana Kocic, @Gosh Macedonia, @Eva Training Center
Hair: Stance Kiprijanov, @Kemon Macedonia
Photo: Ani i Dimi
Video: Dimitar Petrovski
Montage & style: Marina Trajkovska
@copyright Fashion Weekend Skopje In partnership with British Council