Една од главните цели на проектот „Обединетa мoдa JИЕ” е да ги поврзе европските дизајнери и брендови со македонските фабрики. Државите од Југоисточна Европа сé уште можат да произведуваат мали количини по релативно ниски трошоци и да ја искористат оваа предност за производство на висококвалитетни стоки за компаниите надвор од земјата.
Македонија, со својата развиена текстилна индустрија, не е исклучок. Но, пронаоѓањето на вистинскиот производител е само еден дел од процесот на производство. Новите модни марки треба да бидат подготвени за производство и да се добро организирани за непречена комуникација со фабриката. Паралелно со презентацијата на пазарот од страна на професионалци во индустријата, активностите вклучуваа презентации од избрани локални производители, посета на фабрики и состаноци на учесниците со локалните производители. Презентациите понудија запознавање со македонскиот производствен пазар, како и упатства за производство на младите дизајнери и брендови.
Дводневната работилница на тема: „КРЕАТИВНИ КОНЦЕПТИ ЗА ПОТРЕБИТЕ НА СОВРЕМЕНАТА МОДНА ИНДУСТРИЈА“ се одржа под менторство на Наташа Першух и Алмира Садар, адресирајќи три важни прашања.
1. Иновација и Етика:
Секој дизајнер што навлегува денес во индустријата мора да изгради бизнис на одржливи практики. Што може да направат дијзанерите? Учесниците се информираа како а го искористат дизајнот за да овозможат било какви позитивни промени настрана од исклучиво „модните“, како и како да пронајдат нови начини на креирање, продавање и произведување.
2. Локално наспроти Глобално:
Заедно ги преиспитавме предностите или недостатоците на тоа да се биде локален дизајнер, воедно и предизвиците и патеките на младите растечки брендови. Кој е поекипиран со вистинскиот сет на средства за да успее во сегашната модна индустрија? Дизајнер од престолнина на модата, или, пак дизајнер од перифериите?
3. Инспирација и Изработка:
Инспирација може да се најде насекаде, посебно во градот што е толку шарен и богат со историја како Скопје. Учесниците црпеа и групно ги споделуваа креативните идеи, инспирирани од локалното занаетчиство, производствените можности, од новите луѓе, новите контакти, новите знаења, самиот град, неговата традиција, бои…
Проект низ слики и видео…