Четириесет дизајнери, подеднакво од Maisons de Mode Lille-Roubaix и United Fashion учествуваа во низа активности за време на годинешниот 48H Maisons de Mode.

При одржувањето на 48H Maisons de Mode, во рамки на европскиот проект United Fashion, Maisons de Mode Lille-Roubaixпостави шоурум на 13.09 (петок) за своите дизајнери, плус 14 гостински дизајнери од цела Европа, за да се запознаат со купувачите и професионалците од индустријата на Lille Métropole 2020, Capitale Mondiale du Design. 

Балканскиот регион го претставуваше KOKORO, дизајнерско студио со седиште во Црна Гора, кое создава најразлични уникатни и рачно изработени аксесоари со јапонско влијание. Ања Тадиќ, која стои зад етикетата, како и Светлана Богова Јовановска, продуцент на Моден Викенд Скопје, присуствуваа на панел дискусии за индустријата, конференции фокусирани на дистрибуција, настани за мрежно поврзување, првата Модна Вечер во Лил итн.

Над триесет купувачи од Франција, остатокот од Европа и Азија се појавија на настанот. 48H Maisons de Mode понуди навистина добро скроена програма, за купувачите и пошироката јавност да ги откријат новите брендови и марки, истовремено дозволувајќи им на дизајнерите да научат различни аспекти на бизнисот, од концепција преку колекција до финална продажба. Честитки до сите модни дизајнери од United Fashion и тимот на 48H Maisons de Mode – 11ème!

Погледнете го шоурумот United Fashion организиран од Maisons de Mode Lille-Roubaix со поддршката од: ModaLisboaBaltic Fashion FederationFashion Council GermanyMAD Brussels Fashion and Design Platform, Flanders DC and Fashion Weekend Skopje.

 

 

„Обединета мода“ доби поддршка од програмата Creative Europe на Европската унија.