Дали сте дизајнер што сонува за пробив на големата сцена? Фотограф со амбиција да се етаблира во професионалните кругови? Уметник чии дела заслужуваат да допрат до широк аудиториум? Или музичар за кого вреди да се слушне на едeн од најпосетените настани во градот?

Во рамки на 20-тото јубилејно издание на Моден Викенд Скопје, нашиот тим е отворен за соработка со млади и перспективни имиња од сите креативни сфери, чиишто оригинални и свежи идеи дополнително ќе ја збогатат програмата на настанот.

Ако имате готов проект со кој би се претставиле себеси во најдобро светло пред домашната и странската публика на Моден Викенд Скопје, пријавете се на info@fashionweekendskopje.mk со назнака „ОТВОРЕН ПОВИК ЗА КРЕАТИВЦИ“.

Критериуми за аплицирање:

– Кратка биографија / Портфолио;
– Документ со опис и податоци за проектот;
– Медиа фајлови од проектот (фотографии, илустрации,  видео снимки,  аудио материјали).

Рокот за испраќање на пријавите е до 07.10.2019 година. За повеќе информации или прашања, пишете ни директна порака на социјалните мрежи.

Ве очекуваме!
Тимот на МВСК