Да се запознаеме со нашиот репрезентативен дизајнер на Моден викенд Скопје, кој беше избран и учествуваше во Обединета мода- изложбениот салон на Берлинската модна недела, во јули 2018 година.

 

photo Credits:
@Fashion Council Germany @Pascal Rohe

Информации за брендот:
Седиште: Љубљана
Земја на производство: Словенија
Модата отсекогаш била органска прогресија за Софија Урумовиќ, 26-годишен дизајнер од Словенија. Како дете, нејзиниот сон беше да биде „omnilingual“, што значи да има способност да зборува или да ги разбира сите јазици. Се разбира ова е невозможно, меѓутоа во текот на годините Урумовиќ сфати дека модата е еден од најмоќните и универзални јазици на светот.

Инфо за дизајнерот:
Дипломирана на Текстил и моден дизајн на Универзитетот во Љубљана и Шведската школа за текстил, Урумовиќ ја претвори својата страст во професија. Времето што го помина на универзитетите и стекнувајќи искуство во некои од најистакнатите имиња во индустријата, ѝ овозможи да ги разбере нејзините креативни таленти и ја научи како да го набљудува светот со очи и ум широко отворени. Извонредно заинтригирана од односот на 2D моделот за сечење и 3D човечкото тело, таа поминува голем дел од нејзиниот дизајнерски процес фокусирајќи се на конструкција на моделот и манипулација. Нејзината естетика сигурно го рефлектира нејзиниот интерес за обликот на дизајнот , но во голема мера е под влијание на нејзината лична интерпретација на секојдневниот живот и интимните спомени, надежи, стравови, минато, сегашност и иднина. Балансирајќи меѓу сензуалноста, софистицираноста и безгрижноста, нејзината визија е јасна: женска, удобна и нослива облека со детален пресврт и допир на експериментирање со облици и материјали.
Работата на Урумиќ има освоено бројни награди и беше дел од многу изложби низ цела Европа.